
Милан потврди дека го ангажирале холандскиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Марк ван Бомел кој ставил потпис на договор до 30 јуни 2011 Медиумите од Германија од претходно најавија дека Ван Бомел е пред трансфер во Милан откако капитенот на Баварците побарал од управата на клубот раскин на договорот кој истекуваше дури по крајот на сезоната.
Желбата на Ван Бомел е задоволена па холандскиот интернационалец стана ново засилување за Милан.
Росоњерите на својата официјална веб страна испратија соопштение кое велеше: “Милан го ангажираше Марк ван Бомел од Баерн Минхен.”
“Холанѓанецот стави потпис на договор со Росоњерите во трајност до 30 јуни 2011.”
Претходно, Баерн Минхен на својата официјална веб страна потврди дека 33 годишниот Ван Бомел се сели во Милан.
Баварците велат дека на барање на Ван Бомел утрово средба имал бордот на клубот по што било одлучено да се раскине договорот на фудбалерот.
“Марк побара порано да биде ослободен од договорот со цел да може да се пресели во Милан.” – рече претседателот Карл Хајнц Румениге.
“Тој секогаш беше пример за професоналец, успешен и важен фудбалер за Баерн и одличен капитен.”
“Поради неговиот допринос за клубот одлучивме да го исполниме неговото барање.”
“Баерн Минхен му посакува се најдобро на Ван Бомел и неговото семејство во престојот во Италија.”
Марк ван Бомел рече: “Го напуштам Баерн со тешко срце, но со гордо подигната глава.”
“Поминав четириипол години тука, многу убави и успешни години, и сакам да ја изразам мојата благодарност кон клубот и фановите.”
“Баерн Минхен секогаш ќе завзема голем дел од моето срце.”