Тимот на Милан без никаков проблем се пласираше во 1/4-финалето на Купот на Италија, откако синоќа со 3-0 славеше над Бари. Со тоа Росоњерите без големо вложување на енергија се вратија на победничките патеки откако претходно забележаа два нерешени исходи во Серија А.
Погодоците за црвено-црните ги постигнаа Ибрахимовиќ во 19. минута, Меркел во 45. минута и Робињо во 65. минута. Во следната фаза од натпреварувањето тимот на Милан ќе се сретне со Сампдорија, првиот натпревар се игра на 26. Јануари.
Во текот на целиот натпревар миланезите ја имаа контролата над топката и континуирано напаѓаа пред противничкиот гол. Ибра во 19. минута со одличен соло пробив го отвори резултатот а при крајот на првиот дел новото засилување Меркел зголеми на 2-0.
Во второто полувреме темпото на игра беше значително намалесно со оглед на фактот дека миланезите ги чекаат уште исцрпувачки натпревари. во 65. минута Робињо беше фантастично проигран од страна на Меркел, овој избегна офсајд позиција и го постави конечниот резултат.

Превземено: Sportdemes

0 comments:
Post a Comment