Wednesday, January 26, 2011

Милан во 1/2-финалето на Купот со прекрасните погодоци на Пато

http://sportdenes.com./media/k2/items/cache/7ad7f11d190c995ba540f7eeb4073ef6_L.jpgЛидерот во Серија А, тимот на Милан се пласираше во полуфиналето на купот на Италија откако вечерва со 2-1 славеше како гостин кај Сампдорија на Луиџи Ферарис.
Двата погодоци за тимот на Масимилиано Алегри беа дело на бразилскиот напаѓач Алесандре Пато кој беше прецизен на два пати во рамките од пет минути а погодоците беа фантастични.

За Сампдорија во второто полувреме прецизен беше Стефано Губерти но домаќините немаа сила за да успеат да стигнат до продолженија. Интересен е фактот што двата погодоци на Пато се засега единствените голови кои Пато ги постигнал во купот на Италија во целата кариера.

Тимот на Милан го диктираше темпото во текот на целиот натпревар а големо освежување на средината од теренот претставува новодојдениот Марк ван Бомел, холанѓанецот може да се каже имаше фантастично деби во новиот дрес.

Вториот дебитант на овој натпревар беше Емануелсон, засилувањето од Ајакс дури и беше асистент при вториот погодок на Пато.

За место во големото финале на натпреварувањето, тимот на Милан ќе се сретне со тимот на Палермо. 
 
Превземено: Спортденес

0 comments:

Post a Comment