Monday, January 31, 2011

Легротаље во Милан

http://sportal.com.mk/WBStorage/Articles/F9223ACEB112BE4EB20AB4F140FEADDA.jpgДосегашниот фудбалер на Јувентус, Никола Легротаље се пресели во редовите на Милан, за кого потпиша двегодишен договор.

Триесет и четиригодишниот дефанзивец беше во втор план кај тренерот на Јуве, Луиџи Дел Нери, кој во одбранбениот ред му даде предност на дуото Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Поранешниот италијански репрезентативец е петто засилување за "росонерите" во преодниот рок откако претходно дојдоа Антонио Касано, Урби Емануелсон, Марк Ван Бомел и Дидак Виља.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри се очекува да го стави Легротаље во одбраната на местото на Тијаго Силва, кој би се преселил во средниот ред.

Превземено: Спортал 

0 comments:

Post a Comment