Friday, January 14, 2011

Златан Ибрахимовиќ на шведска банкнота ?

http://sport.blic.rs/data/images/2011-01-14/107320_zlatan200krunablicsport_ff.jpg
Шведскиот парламент за време на 2011 година ќе донесе одлука чие лице ќе се најде на банкнотата од 200 круни, а тамошните медии како еден од кандидатите го споменуваат шведскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ."Златан е на нашата листа на кандидати бидејќи е еден од нашите најдобри фудбалери на сите времиња",вели Андрес Слат од една шведска фудбалска обложувалница која не смета дека Ибра е најголемиот кандидат.
"Секако дека би било сензација доколку тој се најде на таа банкнота, бидејќи тој е сепак фудбалер, и притоа се наоѓа помеѓу живите лица а тие ретко добиваат 'своја' банкнота. Сепак, кој знае се што може да се случи. Можеби тој со своите заслуги на теренот ќе заслужи да речеме за 60 години да се наоѓа на банкнотата од 2.000 круни", заврши Слат.

0 comments:

Post a Comment