Thursday, January 13, 2011

Милан се интересира за Кришито

http://www.24fudbal.com.mk/Upload/News/krush-mil.jpg
Според Gazzetta dello Sport, Милан ќе се обиде во јануари да го ангажира италијанскиот репрезентативец, Доменико Кришито. Не е тајна дека Милан посакува да го засили составот за вториот дел од сезоната.
Зборувајќи за Sky Italia, Адриано Галијани минатата ноќ рече дека уште две засилувања би можеле да пристигнат на Сан Сиро пред крајот на преодниот рок.
Напаѓачката линија во тимот е повеќе од конкурентна, па се бараат засилувања во средниот ред и одбраната.
Се смета дека кандидати за преминување на Сан Сиро од средниот ред се Андреа Лазари и Марк Ван Бомел.
Додека според Gazzetta dello Sport, Масимилиано Алегри посакува во одбраната да биде ангажиран левиот бек на Џенова, Доменико Кришито.
Милан прими дури четири голови од Удинезе, па приоритет на тренерот на Росоњерите е засилување во одбрамбениот дел од тимот.
Но, на почетокот од оваа недела претседателот на Џенова, Енрико Прециоси изјави дека Кришито 99% останува во клубот бидејќи веќе е продаден Андреа Ранокиа, па премногу би било да се остане без уште еден клучен фудбалер од одбраната.

0 comments:

Post a Comment