Sunday, January 16, 2011

Феноменалниот гол на Ибра недоволен за победа

http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/b069b892c6725bd357423bc8f6c17d01_L.jpgФеноменалниот погодок на Златан Ибрахимовиќ не се покажа како доволен за Милан да стигне до нова победа на гостувањето кај Лече во последниот натпревар од 20. коло на Серија А.
Ѕвездата на гостите го отвори резултатот со фантастичен погодок од околу 30 метри на почетокот од вториот дел. Швеѓанецот буквално го препарираше голманот на домаќините Антонио Росати со изненадувачкиот удар со левата нога од кој топката заврши во горниот лев агол на голот.

Интересното е тоа што овој удар беше првиот прецизен шут кон голот на Росати на натпреварот. Девет минути пред крајот поранешниот играч на Јуве, Рубен Оливеира израмни со добар погодок од волеј, откако беше оставен непокриен од одбраната на Росоњерите при центаршут од корнер.

Така црвено-црните во втор натпревар во низа не успеаа да победат но покрај тоа останаа на врвот со скор од 41 поени, додека Наполи и Лацио го делат второто место со 37 поени.

Шампионот Интер пак со добрата серија се доближува се повеќе и повеќе кон градскиот ривал, до сега нероазурите имаат вкупно 32 натпревари но и два натпревари помалце и има можност да ја скрати разликата на три поени од Милан.

0 comments:

Post a Comment