Saturday, January 22, 2011

Емануелсон во Милан

http://1.bp.blogspot.com/_IgHIGUzKzU8/TNhdXV3sy6I/AAAAAAAAHgQ/bbvDNFzcwF0/s1600/Urby_Emanuelson.jpgЛа Газета дело Спорт и Скај Спорт Италија објавија дека е постигнат договор помеѓу Милан и Ајакс за трансфер на Урби Емануелсон во редовите на "Росоњерите". Се очекува 24-годишниот играч од средниот ред да потпише долгогодишен договор со Милан.

Емануелсоновиот договор со Ајакс истекува на крајот од сезонава но Милан се одлучи на ваков потег да го ангажира играчот во овој преоден рок бидејќи им се потребни играчи од одбраната.

Веста пристингува за нешто помалку од 24 часа откако потпретседателот на Милан Адријано Галијани изјави дека Кришито и Зиглер нема да пристигнат во Милан.

Емануелсон ги има поминато сите секции во Ајакс и своето деби за Ајакс го имаше во 2004 година.

0 comments:

Post a Comment