![]() |
Агентот на играчот вечера ја подотвори вратата за трансфер велејќи ’чекаме повик од Милан’ но претседателот на Палермо експресно отфрли заминување на Балзарети.
Маурицио Зампарини вчера рече: “Мелан не сака да троши пари, но дури и да сака, ние нема да го продадеме Балзарети.”
Денеска самиот играч ја отфрли можноста во јануари да се пресели во Милан.
“Јас во Милан? Мислам дека нема да се случи тоа.“ – рече Балзарети за Sky Sport 24.
“Ќе останам во Палермо до крајот на сезоната, како и во следните неколку години бидејќи сакам да го испочитувам договорот.”
“Што се однесува до иднината, никогаш не се вели никогаш на ниту една опција.”







0 comments:
Post a Comment