Friday, January 14, 2011

Касано: Милан е последната етапа од мојата кариера

http://www.24fudbal.com.mk/Upload/News/cassano-460-roso.jpg
Антонио Касано на својата официјална презентација изјави дека Милан е последната етапа од неговата кариера и вети дека нема да ги предаде Росоњерите На почетокот од оваа година Касано го комплетираше трансферот од Сампдорија во Милан и веќе настапи на средбите против Каљари и Удинезе.
Но дури денеска, откако во Милано се врати Адриано Галијани, Антонио Касано официјално беше презентиран пред медиумите како ново засилување на Милан.
Проблематичното момче, кое претходно направи големи проблеми во секој клуб каде што се пресели, сега вети дека нема да го предаде Милан.
Касано порача дека ќе оди во ментална болница доколку направи проблеми и на Сан Сиро.
“Прилично сум сигурен дека ова е мојот последен клуб.” – рече Касано. “Пристигнав на врвот. Над Милан нема ништо друго освен небото.”
“100% сум сигурен дека нема да ги предадам овие луѓе.“
“Играњето за овој тим ми го прави животот полесен. Сакам да се заблагодарам на Премиерот Берлускони и Адриано Галијани бидејќи во мементи на големи тешкотии тие се фокусираа на мене.”
“Имам направено многу грешки но не жалам. Сега е време да се променам. Сакам да победувам и да ги правам работите правилно.”
“Многу клубови ме посакуваа, но веднаш штом дознав дека Милан ме посакува, си реков себеси: ’Ајде да одиме таму’.”
“Тука имам се што ми е потребно за успех. Доколку и тука погрешам, тогаш треба да завршам во ментална болница.”

0 comments:

Post a Comment