Sunday, January 30, 2011

Официјално: Милан го договори трансферот на Лукас Марселињо

http://sportski.mk/sliki/e652c8c4ec88236b6787a6673752316a29.01milan1.jpgРаководството на Милан не престанува со трансферите и подмладувањето на екипата. Најновата аквизиција е Лукас Марселињо од Сао Паоло, кој важи за еден од најталентираните плајмејкери во моментов. 
Доцна синоќа управата на Милан постигнала договор со Сао Паоло околу играчот за врска Лукас Марселињо.

Овој 18 годишен играч треба да ги чини росонерите околу 4 милиони евра. Со оглед на тоа што Марселињо има статус на играч надвор од Еу, а ќе дојди во Милан на почетокот на jуни, a до тогаш ќе игра за Сао Паоло како позајмен играч.

Потпредседателот на Милан, Адриано Галијани утрово потврди дека Марселињо е нов играч на Милан.

„Марселињо е голем талент на Бразилскиот фудбал и Милан со него ќе добие играч на кој ќе може да смета во иднината. Управата на Милан има одлична соработка со Сао Паоло, и не треба да заборавиме дека од Сао Паоло стигна Рикардо Кака. Се надеваме дека и Марселињо ќе биди успешен како него“, изјави Галијани.

Покрај Марселињо италијанските медиуми соопштија дека „Росоњерите“ го договориле и другото летно засилување, а тоа е репрезентативниот голман на Италија, Федерико Маркети.

Маркети кој настапуваше за италијанската репрезентација на СП во Јужна Африка, оваа година не настапува бидејќи се скара со раководството на Каљари, кое не му дозволи да направи трансфер во Арсенал минатото лето.

Адриано Галиани и претседателот на Каљари, Масимо Челино постигнаа договор околу трансверот на Маркети, но тој ќе пристигне во Милано дури во јуни, бидејќи голманските позиции на росонерите се потполнети.

Маркети ќе се бори за позицијата прв голман со Абиати кој е во врвна форма и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Серија А, а се очекува вториот голман Амелија да се врати во Џенова.

Превземено: Спортски

0 comments:

Post a Comment