Thursday, January 20, 2011

Агентот: "Сократис во Џенова ? Сеуште нема никаков контакт"

http://www.fifa.com/mm/photo/worldfootball/clubfootball/01/32/65/18/1326518_full-lnd.jpgСократис Папастатопулос, грчкиот репрезентативец кој минатото лето го засили Милан е поврзуван со негово повторно враќање во неговиот поранешен клуб Џенова. Меѓутоа неговиот агент вели дека нема никаков контакт од страна на Џенова и дека играчот ќе остане во Милан, иако не добива многу шанси за да игра и да се докажува.

"Сократис во Џенова ? Не знам, досега немаме остварено никаков контакт и мислам дека Милан не планира да го продаде играчот. Колку што знам јас Милан нема остварено никаков контакт со неговиот поранешен клуб", ги негира натписите на медиумите неговиот агент.

Во последно време се зборува дека Доменико Кришито можеби ќе го засили миланскиот клуб,а токму грчкиот репрезентативец од редовите на Милан ќе биде неговата замена. Засега сепак нема никакви конкретни податоци.

0 comments:

Post a Comment