Фудбалерите на Милан, откако ги поделија бодовите со Удинезе (4:4) синоќа го одиграа второто првенствено реми во низа. Во последниот дуел од 20-то коло, „росонерите“ одиграа 1:1 кај 18-пласираниот Лече.
Тренерот Масимилијано Алегри сепак не беше премногу вознемирен поради тој разочарувачки резултат, туку напротив, убеден е дека неговата екипа не е во криза.
„Нормално е во текот на сезоната да имате победнички период, како и период со помалку позитивни резултати во кои сте казнети при првата вистинска прилика која противникот ја создава.“
„Мислам дека нема никаква причина за паника. Во првото полувреме Лече не креираше ниту една опасна ситуација. Дури не беше ни блиску до 16-никот.“- изјави Алегри додавајќи:
„Штета што ги загубивме овие два бода. Не бевме спектакуларни, но по водечкиот гол игравме добро. На крајот од натпреварот Лече замени три играчи и малку се изгубивме при маркирањето на противникот па затоа примивме гол.“






Нема, нема....Forza Allegri
ReplyDelete