Фудбалерите на Милан се зацврстија на лидерската позиција победувајќи ја Катанија со 2:0 на Анџело Масимино во рамките на 22-то коло во Италијанската Серија А.
Баш Катанија е екипата која на Милан му одзеде 2 бода на почетокот во 3-то коло на Сан Сиро. Тогаш да се потсетиме, Капуано ја доведе Катанија во водство, но Инзаги го спаси Милан од пораз.
Сепак, Милан е сега во многу подобро издание со неколку нови играчи. Тренерот на Росоњерите Масимилиано Алегри во врвот на нападот од почетната минута ги постави Ибра и Касано, додека пак Робињо играше на позицијата на која играше Роналдињо.
Од првата минута започна и Марк Ван Бомел, едно од четирите зимски засилувања на Милан во овој зимски период, додека Урби Емануелсон доби шанса во вторите 45 минути од натпреварот. Баш Ван Бомел беше играчот кој во вториот дел заработи црвен картон по претходно двата добиени жолти картони и ги остави своите соиграчи на мака.
Но, само неколку минути подоцна Робињо погодува за водство на гостите од Милано. Златан Ибрахимовиќ топовски биеше од слободен удар од некои отприлика 25 метри, домашниот голман Мариано Андухар кратко одби и одбиената топка во голот ја смести Робињо.
Катанија, подоцна, имаше иницијатива, се обидуваше на секој можен начин да стигне до погодок и да ја искористи предноста од играч повеќе на теренот. Но сите надежи на домаќините ги собори Златан Ибрахимовиќ на 5 минути пред крајот на натпреварот. Робињо фантастично го проигрува и Ибра на свој начин поентира за 2:0 што и беше конечен резултат.
Милан со оваа победа има 47 поени, 7 повеќе од 2-ро пласираниот Наполи кој својот наптревар го игра утре. Катанија останува на 16 место со 22 поена.






0 comments:
Post a Comment