Saturday, January 29, 2011

Милан купува голман

http://sportal.com.mk/WBStorage/Articles/F23230F8F367A544895B5F934798AD05.jpgИако до крајот на преодниот рок останаа уште два дена, потпретседателот на Милан, Адријано Галијани не мирува и се подготвува за нов трансфер.

Милан би сакал да го ангажира голманот на Каљари, Федерико Маркети, но доколку двете страни успеат да се договорат, 27-годишниот голман на Сан Сиро би пристигнал на крајот од сезоната.

Малку е нејасно зошто Милан би сакал да го доведе Маркети во своите редови бидејќи тој во моментов е трет избор на голманската позиција во Каљари и сезонава нема одиграно ниту еден меч во Серија А.

0 comments:

Post a Comment