Sunday, February 6, 2011

„Росонерите“ добија само бод од Џенова

http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/0b5e77e1fe49b2f10e40b5c4b6aeafa9_L.jpgАктуелниот лидер на табелата од најсилната италијанска фудбалска лига - Серија А, Милан во 24-то коло не успеа да го совлада составот на Џенова на гостински терен и одигра само 1:1.


Во не толку атрактивен натпревар екипата на „Росоњерите“ во првото полувреме ја имаше иницијативата уште од самиот почеток.

Напаѓачите на лидерот во елитната дивизија уште во првите 20-тина минути сериозно се закануваа кон голот на џеновјаните, но не успеваа да го отворат резултатот.

Сепак, тоа му успеа на бразилскиот репрезентативец Александре Пато кој во 29-та минута успешно ја реализираше асистенцијата на Ибрахимовиќ и му донесе водство на гостинот од 1:0.

До самиот крај „миланезите“ го имаа резултатот на своја страна, но на самиот крај од првите 45 минути пристигна и изедначувањето откако Антонио Флоро Флорес се запиша во листата на стрелците на стадионот Луиџи Ферарис за резултат од 1:1.

Во второто полувреме љубителите на фудбалот во Џенова не можеа да видат ниту еден единствен погодок. И двете страни се закануваа, но мрежите останаа недопрни.

Во 67-та минута Даниеле Бонера имаше добра прилика за повторно отворање на резултатот, но неговиот удар беше непрецизен. Десетина минути подоцна Јурај Куцка можеше да ги доведе домашните во водство, но одбраната на Милан добро реагираше.

До крајот гостите од Милано забележаа уште 2-3 посериозни шанси во кои Златан Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието, но резултатот остана непроменет и двете екипи ги поделија бодовите.

0 comments:

Post a Comment