Sunday, January 23, 2011

Милан подобар од Чезена

http://www.sportdenes.com/media/k2/items/cache/10a451d868feb5fd854c1535dddc148e_XL.jpgБлагодарение на автоголот на Максимилиано Пелегрини и голот на Ибрахимовиќ во судиското надополнение, Милан на Сан Сиро дојде до победа над Чезена од 2:0 во последниот меч во рамките на 21-то коло од италијанската Серија А.


Од Милан, барем овој со Касано, Робињо и Ибрахимовиќ, сигурно многу се очекува оваа сезона, но она што им е најважно на навивачите на „Росоњерите“ секако е новата победа.

И самиот тренер Масимилиано Алегри ги предупреди противниците каква е Чезена, за која секој натпревар во борбата за опстанок е како финален.

„Миланезите“ вечерва играа со опоравените Неста и Абиати, а прилика од првата минута доби и Касано покрај Ибрахимовиќ, додека Робињо заигра во редот за врска, заедно со младиот германец Александер Меркел и искусниот Амброзини.

Домаќините поведоа во финишот на првиот дел. Касано со врвот на копачката брилијантно го пронајде Ибрахимовиќ, но аргентинецот Макси Пелегрино, дефанзивецот на Чезена, успеа да поентира пред швеѓанецот, но за негова несреќа во сопствената мрежа.

Во продолжението домаќините пропуштија неколку прилики. Во 55-та минута Антониоли со големи напори ја исфрли топката во корнер по „слободниот удар“ на Ибрахимовиќ, а подоцна топката замина малку покрај голот на Чезена по ударот на Робињо од левата страна.

Во 60-та минута Ибрахимовиќ со волеј удар ја испрати топката над голот, а во 77-та Антониоли го одбрани приземниот удар на Робињо по продорот по левата страна.

Сигурните три бода за Милан ги потврди Ибрахимовиќ во 92-та минута. Робињо одлично му ја додаде топката, а Ибра од десната страна на шеснаесетникот со топовски удар ја погоди мрежата на гостите.

Милан сега има 44 бода, четири повеќе од второпласираниот Наполи, додека Чезена е прва „под линијата“ со 19 бода. Само Бреша (18) и Бари (14) имаат помалку.

0 comments:

Post a Comment