Урби Емануелсон е нов играч на Милан. Емануелсон има 24 години и во Милан пристигнува од Ајакс.
Овој 24-годишник од Ајакс ќе биде големо засилување за Милан особено на левата крилна позиција. Урби поседува голем квалитет и е многу динамичен и е многу успешен во офанзивните и дефанзивните задачи.
Роден е во Амстердам на 16 Јуни 1986 година и ги има поминато сите младински селекции во Ајакс. За првиот тим дебитира во 2004 година на наптреварот против Аз Алкмар, кој Ајакс го доби со 4:2.
За Ајакс има настапено 260 пати и постигнато 22 погодоци. Оваа сезона Милан лично можеше да се увери во неговите квалитети и неговиот поранешен клуб Ајакс, во рамките на Лигата на Шампионите, на 28 Септември, кој натпревар заврши нерешено 1:1.






0 comments:
Post a Comment