Милан потврди дека е комплетиран трансферот на Никола Легротаље кој стави потпис на договор со Росоњерите до 30ти јуни 2011 34 годишниот Легротаље повеќе немаше иднина во Јувентус откако неодамна Старата Дама го комплетираше ангажманот на Андреа Барзаљи од Волфзбург. Се веруваше дека дефанзивецот ќе се пресели во Бари, клубот од неговиот роден град, но во последен момент се случи изненадувачки пресврт и вчера Легротаље замине за Милано на преговори со Милан.
Пред неколку часа неговиот агент откри дека дефанзивецот ставил потпис на договор со Милан по што Росоњерите официјално потврдија дека Легротаље ќе настапува на Сан Сиро до крајот на сезоната.
“Милан може да соопшти дека го ангажираше Никола Легротаље од Јувентус. Дефанзивецот стави потпис на договор со трајност до 30 јуни 2011.” – гласеше соопштението на Милан.
Поради повредата на Алесандро Неста и прекомандувањето на Тиаго Силва во средниот ред со цел да се олесни кризата поради големиот број повредени фудбалери од тој департамaн на тимот, Милан се реши да го ангажира Легротаље за пополнување на централниот дел во дефанзивата.
Превземено: 24фудбал










































