Милан во првиот натпревар од 25. коло ја совлада екипата на Парма со висок резултат од 4:0 и така останува сигурен на челната позиција во Калчото.Кларенс Сидорф веќе во 8-та минута го доведува Милан во водство откако одлично го помина голманот на Парма, Антонио Миранте. Антонио Касано и Џенаро Гатузо одлично комбинираат во 17-тата минута и поранешниот напаѓач на Парма го постигнува својот првенец во дресот на Милан.
Робињо во 58-та минута влегува на местото на Сидорф и веќе по 4 минути поминати на теренот постигна нов погодок за Милан за водство на Милан од 3:0. Не му требаше многу време и за вториот погодок. Веќе во 65-та минута Робињо го постигнува својот втор погодок на натпреварот за конечни 4:0 за Милан.







